Внукот на Роналдо го издаде за близнаците

од Vladimir Zorba

Сестрата на Кристијано Роналдо ја потврди веста дека португалската ѕвезда е татко на близнаци.
На почетокот на овој месец се појавија информации дека по втор пат Роналдо станал татко, благодарение на сурогат мајка. Се претпоставува дека двете деца Матео и Ева се родени во САД, а мајката на Роналдо веќе ги посетила.

Сестрата на фудбалерот Катја Авејро беше гостин во португалско телевизиско шоу во петокот, каде беше прашана серија лични прашања заедно со својот сопруг и син Динис како требаше да одговара со табели со да, можеби или не.

Едно од прашањата за Роналдо беше, дали тој е татко на близнаци, на кое Авејро одговори со “можеби”.
Таа додаде дека не е нејзина работа да одговара, но нејзиниот син се издаде и одговори со “да”. Додека водителите се смееја, Катја обиде да ја замачка ситуацијата, споделувајќи дека тој е  премногу мал за да ја знае вистината.

Слични содржини