Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на вкупно 13 сообраќајни несреќи, во кои со полесни повреди се здобиле девет лица.

soobrakajka

Санкционирани се 19 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, тројца возачи поминале на црвено светло на семафор и четворица возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин.

Од СВР посочуваат дека се затекнати и 13 лица кои за време на управување на моторните возила го искористеле мобилниот телефон, односно не носеле сигурносен појас и пет пешаци кои сториле прекршоци по разни основи.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 82 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишни установи“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во детската градинка „Фидани“ објект „Цвет“ која се наоѓа на подрачјето на општина Чаир.

Со почеток во 20:30 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на СЕХА-лигата ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу РК Вардар и РК Татран Прешов. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, како и на овој вонреден настан, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.

Слични содржини