Во американски Мекдоналдс служеле сендвичи со црв

од Vladimir Zorba

Двајца посетители на локалот за брза храна Мекдоналдс во американската држава Кентаки се пожалија дека нашле црви во своите сендвичи, пренесува агенцијата АП.5036555

Државјанка на Мејфилд Медисон Стивенс раскажува како минатата недела седнала да јаде во локална установа од синџирот заедно со својот едногодишен син. Според неа токму пред да гризне од својот хамбургер, од него паднал црв.

Жената тврди дека ха информирала компанијата за инцидентот, а од Мекдоналдс ѝиспратиле ваучер за 10 долари.

Друга жителка на државата Лејси Џо Лавет од Драфанвил исто нашла црв во сендвичот во вторникот.

Портпаролот на Мекдоналдс Мајкл Лав изјави дека компанијата ги истражува инцидентите и ги “презела сите неопходни мерки за решавање на прашањето” .

Слични содржини