Во Апелација се разгледуваат жалби за мерките на обвинетите во случајот „Титаник“

од Vladimir Zorba

Во Апелациониот суд продолжуваат јавните седници за мерките на обвинетите во случаите за кои Специјалното јавно обвинителство покрена обвиненија.

Денеска во судот се разгледуваат жалбите за дел обвинетите во случајот „Титаник“ кој се однесува на изборни нерегуларности. За нив се бараа мерки кои беа прифатени од страна на кривичниот совет.

Првообвинетите во овој случај, поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешниот шеф на кабинетот на Груевски, Мартин Протогер и Кирил Божиновски се очекува да се појават во Апелација утре.

За нив СЈО бараше притвор, но кривичниот совет им одреди поблаги мерки, односно им ги одзеде пасошите.

Слични содржини