Во БЕСА чекаат абер од Заев. Принципите им се поважни од Владата

од desk3

 

Писмо  со листа на кое се наброени  принципи, стигнало на адресата на СДСМ. Во  БЕСА велат го испратиле со барањата за кои веќе подолго зборуваат. Партијата  на Касами бара рокови за донесување на некои закони, како на пример законот за јазиците. Во писмото како принцип е наведено и редефинирањето на државата. Порачуваат дека го чекаат аберот од Заев – дали ги прифаќа овие принципи, па потоа ќе разговараат за ресори.

Мандатарот  Заев дури од Брисел потврди дека разговорите со Беса се чекор поназад отколку со другите партии од парламентарното мнозинство, но вели дека е оптимист.

Со ДУИ и Алијансата горе – долу се испеглани и разликите и барањата велат во преговарачките тимови.

Ако Предлог-програмата и составот на владата се достават до Собранието до утре, веќе на почетокот  на наредната недела, владата ќе биде избрана.

Според Деловникот, дебатата за владата во Собранието трае најмногу два дена и до полноќ се гласа за владата во целост.

Слични содржини