Во Брисел почнува четвртиот круг преговори за Брегзит

од Vladimir Zorba

   Во Брисел денеска почнува четвртиот круг од преговорите за условите според кои Велика Британија треба да ја напушти Европската унија.

Состанокот меѓу делегациите, предводен од британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис и главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние, треба да биде последен пред Самитот на Унијата закажан за 19 и 20 октомври.

Неодамна двете страни сигнализираа дека се подготвени за изнаоѓање излез од „ќор сокакот“.

На 22 септември британската премиерка Тереза Меј најави отстапки на Лондон за условите за Брегзит и најави можност за натамошни блиски односи меѓу нејзината земја и ЕУ.

Притоа таа посочи две главни отстапки – директна имплементација на договорот за Брегзит и законски гаранции за правата на европските граѓани во Велика Британија. Исто така, Меј вети и дека Брегзит нема да влијае на сегашниот буџет на ЕУ.

Слични содржини