Во Брисел средба меѓу Нимиц и Коѕиас

од Vladimir Zorba

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас денеска во Брисел ќе има средба со медијаторот за спорот со името на Македонија, Метју Нимиц.

„Целта на средбата, која следи по посетата на Нимиц на Македонија во почетокот на јули, е да се дискутира за пронаоѓање можност за напредок во преговорите за спорот за името“, изјави Стефан Дужарик – портпарол на генералниот секретар на Обединетите нации.

Грчкиот министер за надворешни работи во пресрет на состанокот не ги прецизираше конкретно грчките позиции.Тој во интервју за грчката телевизија „Антена“ тој порача дека главен услов за какво и да е поместување останува Скопје да се откаже од како што вели иредентизмот, кој не смее да се рашири низ Балканот. Коѕиас тврди дека досега Македонија не била подготвена за решение.

Нимиц по средбите со македонскиот државен врв во Скопје порача не може да се очекува нов предлог и брзо решение.

Слични содржини