Во Чаир се прегласува на едно избирачко место

од Vladimir Zorba

  Во општина Чаир во избирачкото место 2901 денеска ќе биде повторено гласањето од вториот круг на Локалните избори што се одржа на 29 октомври. На ова избирачко место вкупно се запишани 719 избирачи.

Управниот суд, по жалбата на БЕСА, донесе одлука за повторување на гласањето на ова избирачко место.

Разликата во Чаир меѓу Висар Ганиу од ДУИ и Зекирија Ибраими од БЕСА во вториот круг беше 209 гласа, а на избирачкото место 2901 разликата е 66 гласа.

Ова е единственото прегласување на шестите локални избори во Македонија кои се одржаа во два круга на 15 и на 29 октомври.

Слични содржини