Во ДИК жестоки расправи меѓу на членовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ – најмалку 7 приговори одбиени

од desk4

Државната изборна комисија вчера го проби рокот од 48 часа за разгледување и одлучување по приговорите на политичките партии пристигнати за изборите.

Во текот на седницата имаше жестоки расправии меѓу членовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Во еден момент дури се пребројуваа и ливчиња од гласачко место во Чаир за да се утврди дали се 406 или 409, во врска со приговорот од ВМРО-ДПМНЕ за поголем број ливчиња во гласачката кутија од бројот на запишани избирачи.

Претходно ДИК отфрли два приговори од ВМРО-ДПМНЕ за две избирачки места во Кривогашатни и за едно изборачко место во Аеродром. И во овие два приговори, како и во претходните, се повторуваше грешката со локацијата на избирачките места, односно наместо за избирачки места во општина Кривогаштани и во општина Аеродром беше наведена општина Прилеп.

Од вкупно 43 приговори, ДИК на вчерашната седница успеа да разгледа само десетина, сите од ВМРО-ДПМНЕ. До тој момент отфрли само седум.

За разгледување остануваат уште 30-тина приговори на ВМРО-ДПМНЕ и по еден од ТМРО, Алијанса за Албанците и Левица.

Слични содржини