Во Драч запленети 130 килограми марихуана

од Vladimir Zorba

timthumb-4

Во албанскиот пристанишен град Драч полицијата запленила 130 килограми марихуана, чија крајна дестинација бил италијанскиот наркопазар.

– Дрогата, пакувана во 100 пакетчиња е откриена при рутинска контрола на камион со албански регистарски таблички, натоварен со конфекциски произоди, што требало да ги транспортира за Италија. Уапсен е возачот на камионот, се наведува во полициското соопштение.

Според полицијата издадеа е потерница по лицето А.Х.(50) сопственик на компанијата, за кого постојат основи на сомненија дека е организатор на шверцот со дрога.

Деновиве италијанската полиција во пристанишниот град Бриндизи заплени еден тон марихуана натоварена на моторен чамец. Во акцијата беа уапсени тројца Албанци.

Слични содржини