Во две сообраќајки двајца повредени, еден се бори за живот

од desk2

Во вторникот во 07.45 часот на улицата „Александар Урдаревски“, во близина на кружниот тек, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Шевролет спарк“ со скопски регистерски таблици управувано од А.А. (28) од Скопје и мотоцикл „Џонвеј“ со скопски регистерски таблици управуван од Т.А. (38) од Скопје.

По незгодата Т.А. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и бил во животна опасност. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Истиот ден 16 часот во Прилеп на улицата „Марксова“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Форд Ескорт“ со прилепски регистерски таблици управувано од В.В. (58) од село Заполжани и патничко моторно возило „Опел Фронтера“ со прилепски регистерски таблици управувано од А.М.(25) од Прилеп.

По незгодата, со возило на Итна медицинска помош В.В. бил пренесен во Општата Болница во Прилеп, каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на целосно расчистување на случајот.

Слични содржини