Во Франција пристигна првата група африкански бегалци од програмата за раселување

од desk2

Првата група африкански бегалци опфатени со новата програма за директно населување на најранливи лица во Европа, пристигна во Франција.


Претствник на француското Министерството за внатрешни работи соопшти дека 19 Суданци, меѓу кои и 11 деца, се доведени од камп во Чад. Тие ќе бидат сместени во манастир во источна Франција.

Утре во Франција треба да пристигне и втора група од 25 бегалци од Нигер.

Програмата беше усвоена во август на самит во Париз на кој учествуваа Чад, Нигер и Либија и четири европски земји, на кој беше гарантирано дека избраните бегалци нема да одат преку опасниот пат кој води нив Средоземното Море во обид да дојдат нелегално до Европа.

Франција вети дека ќе прифати 3.000 бегалци од Нигер и Чад за две години, додека 10.000 бегалци ќе се населат во други европски земји.MIA

Слични содржини