Во Германија на пазарот гаќи со аларм и брава

од Vladimir Zorba

Во Германија започнува производство на долна облека со брава со код и сигрализација, пишува весникот “Дејли мирор”. Невообичаената долна облека се прави од здрав материјал кој не може да биде искинат и тешко може да се исече.

За да се симнат гаќите треба да се воведе код. Ако сензорите откријат недозволен пристап, се вклучува сирена со јачина од 130 децибели.

Идејата на производителите е да им се помогне на жените да се заштитат од сексуални напади. Компанијата се повикува на настаните од новогодишната ноќ на 2015 година, кога стотици жени во Келн беа напаѓани и сексуално малтретирани од мигранти од Северна Африка.

Слични содржини