Претседателот на германскиот Бундестаг, Норберт Ламерт предвидува дека Турција по воениот пуч дополнително ќе ги намали стандардите за основните права и слободи.

Во интервју за весникот „Швабише цајтунг“, Ламерт, кој е дел од владејачката партија ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел, смета дека Турција уште повеќе ќе се дистанцира од минимум стандардите кои што веќе ги прифатила како член на Советот на Европа.

download (3)

Со Ламерт се согласуваат и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, но и дел од германските научници.

Професорот по историја Михаел Волфсон во изјава за телевизијата ЦДФ вели дека „целосното преземање на моќта“ од страна на Ердоган може да се спореди со историските учебници кои што го објаснуваат периодот по 1933 година кога Хитлер целосно ја елиминирал демократијата во Германија.

– Суспендирани се човековите и граѓанските права. Прогонството нарачано од владетелот веќе се спроведува. Турција сече дел од своето тело и тоа ќе има ужасни последици за земјата, вели за ЦДФ Волфсон, германски воен историчар со еврејско потекло.

Според него, тоа е доволна причина на Ердоган јасно да му се нагласи дека нема да добие никаква заштита ниту економски провилегии се додека не се придружува кон одредени правила, пренесува дописникот на МИА од Берлин.

Џорџ Сорос: Италија – слабата точка на еврозоната

Наспроти голем дел од турските интелектуалци и активисти во Германија, кои вонредната состојба наметната од Ердоган ја правдаат со потреба да се стабилизира земјата, портпаролката на германската „Левица“ Севим Дагделен, која има туско потекло, побара европски санкции за Турција.

– Сите независни правни асоцијации и федерацијата на судии сметаат дека во Турција нема независно судство, истакна Дагделен.

Според весникот „Зидојче цајтунг“, Германија во периодот од 2007 до 2013 година преку фондовите на ЕУ добила околу пет милијарди евра финансиска помош како кандидат за членка на Унијата

Дел од безбедносните експерти сметаат дека состојбата во Турција може да се пренесе и во Германија.

Заменик претседателот на федерацијата на полициските истражители во Германија, Себастијан Фидлер изјави дека Ердоган само со еден потег може на германските улици да изнесе стотици илјади приврзаници, кои би можеле да започнат конфликти со припадници на курдското малцинство или со луѓе кои се против политиката на турската Влада/MИА

Слични содржини