Во Ѓорче Петров украдено „Ауди“

од desk4

Непознат сторител во Скопје одзел автомобил „Ауди А5“ со кочански таблички, откако лицето што го управувало запрело да купи бурек и го оставило возилото изгаснато со клучот внатре.

Полицијата соопшти дека вчера напладне А.А. (26) од Кочани пријавил дека истиот ден околу 11:45 часот на ул. „Ѓорче Петров“ во Скопје од страна на непознат сторител му било одземено патничко возило „Ауди А5“ со кочански регистарски ознаки, сопственост на лицето Д.А., а управувано од пријавителот.

– Кога пријавителот влегол во бурекџилница, го оставил отворено возилото изгаснато со клучот внатре, сторителот го искористил моментот, влегол во возилото го стартувал и незабележан од никого заминал во непознат правец. На тој начин пријавителот е оштетен за околу еден милион и 800.000 денари, наведуваат од МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Слични содржини