Во Грција ситуацијата е апокалиптична: Снег на Олипм, дожд и град, а гром уби човек

од Vladimir Zorba

Еден загинат од грмотевици, снег на планината Олимп, дожд, големо намалување на температурите се главните карактеристики на лошото време во Грција во текот на викендот, што медиумите го дефинираат како “есен среде лето”, пренесе Greek reporter.

Според Атинската национална опсерваторија лошото време во Грција ќе продолжи барем уште два дена, како најзасегнати ќе бидат јужните и западните делови на земјата. Според сајтот Larissanet.gr во недлата попладне паднал снег на планината Олимп (Централна Грција).

Таму има снежна бура и еден алпинист е во неизвесност, прецизира сајтот. Во исто време во гратчето Амфилохија 45-годишен маж е убиен од грмотевица. Урагански ветер го зафати реонот на Рио-Антирио (во близина на градот Патра во Пелопонез) и ги искинал јажињата на два ферибота.

Цела операција била извршена од пристанишните власти во Рио, за да не се повтори крај други бродовите. Проблеми се појавиле и по автопатите меѓу Патра и Коринт во јужниот дел на земјата, а исто така и во реонот на градот Јанина, западна Грција, каде што има и нанесени штети на земјоделски насади во областа Етолоакарнанија.

Пожарна бригада добилаа сигнали за остранување на вода од домовите во градот Патра и во областа Ахаја на полуостровот Пелопонез. Молњи предизвикале пожари во овој дел. Во реонот на Мецово, западна Грција, пак, падна и град со големина три сантиметри, а на автопатот помеѓу Патра и Калаврита се формиралоа свлечиште.

Просечните температури во Северна Грција се движат во опсег од 18 до 26 степени, прецизираат метеоролозите. Пожар беснее во јужниот дел на областа Атика. Нема опасност пожарот да влијае населени области, соопшти грчката агенција АНА-МПА.

 

Слични содржини