Во иднината ќе ги оставиме пломбите и четките за заби

од Vladimir Zorba

Дојде крајот на четката за заби. Со овој атрибут ќе можеме да се разделиме наскоро, сметаат научниците кои откриле лек што се става на расипан заб и го запира процесот. Дури и целосно го обновува, пишува  “Metro”.

Така дури и ќе може да се поштедите  од пломбите. Стоматолозите едноставно ќе го наводенат предметниот заб со малку сунѓер со лекот Tideglusib по што ќе престане гниењето. Според експертите, овој препарат дури помага за сосема нова изградба на забот.

Тоа значи дека во скоро време и четката за заби и пломбите ќе останат во минатото, го прави својот заклучок весникот. Веста е многу добра, бидејќи самите пломби ја  слабеат структурата на забот и може да предизвикаат инфекции.

Автор на новото откритие е проф. Пол Шарп од лондонскиот “Кингс колеџ”. Според неговите зборови кај пломбите се заменува живо ткиво со инертен цемент. Со препаратот Tideglusib се стимулираат клетките во центарот на забот.

До овој момент лекот се користи како потенцијален лек за Алцхајмерова болест.

Слични содржини