Во Иран денеска се одржуваат претседателски избори

од Vladimir Zorba

Во Иран денеска се одржуваат претседателски избори, кои фактички ќе бидат референдум за доверба кон курсот на реформи и нормализација на односите со Западот, прогласен пред четири години од актуелниот претседател Хасан Роухани, пишува “Коммерсант”.

Борејќи се за втор мандат претседателот ќе се соочи со поранешниот главен обвинител Ебрахим Раиси. Според последното истражување на Fars лидерот на конзервативците Раиси води со мала предност. Тој се потпира да го освои интересот на граѓаните од широкото незадоволство кон политиката на неговиот противник.

Конзервативците го обвинија Роухани во неспособност да ги реши најитните социо-економски проблеми, меѓу кои најосновното- високото ниво на невработеност и инфлација.

Освен тоа е важно прашањето за недостатокот на подготвеност на Роухани да се спротивстави на зголемениот притисок врз Иран вршен од новиот претседател на САД Доналд Трамп.
“Претседателските избори во Иран повеќепати завршија со непредвидлив исход. Така беше на претходните избори во 2013 година, кога сензационално победи единствениот реформатор Хасан Роухани, како и во 2005 година, кога никој не очекуваше конзервативецот Махмуд Ахмадинежад да постигне успех.

А пред 20 година, во 1997 година се случи уште една сензација: на власт дојде реформаторот Мохамад Катами “, изјави виш научен соработник кон Руската академија на науките Лана Раванди-Фадаи.

Слични содржини