Во Истанбул уапсени 26 лица поради наводни врски со „Исламска држава“

од Vladimir Zorba

 Полицијата во Истанбул приведе денеска 26 лица, вклучувајќи 17 странци, поради наводни врски со терористичката организација „Исламска држава“, соопшти турската полиција, јави Анадолија.

Операцијата била извршена од тимови од одделот за борба против тероризмот на турската полиција и специјалните сили. Претресени биле 14 адреси во девет квартови на Истанбул. За време на рациите биле конфискувани материјали и документи поврзани со „Исламска држава”.

Утврдено е дека приведените лица патувале во Сирија.

Над 300 лица во Турција се убиени при напади извршени во последните години од „Исламска држава”.

Слични содржини