Во јуни сме потрошиле 537.426 мегават-часови електрична енергија

од Vladimir Zorba

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Во јуни вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува 537.426 мегават-часови електрична енергија, 3.754 милиони кубни метри природен гас, 281.551 тони јаглен и 114.698 тони нафтени продукти, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.

Домашното бруто-производство на електрична енергија учествува со 68,1 отсто во домашната бруто-потрошувачка на електрична енергија, додека 91,1 процент од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија./Мета

Слични содржини