Во кои градови сексот е на пиедестал?

од Vladimir Zorba

Истражување направено со цел да утврди дали ставот на жителите кон сексот и сексуалноста е позитивен, толерантен или агресивен, открива кои се најсексуалните градови во светот.

Првак во оваа сфера се испоставува француската престолнина Париз, пишува “Дејли стар”.

Анкетата на мобилната апликација за возрасни Laveeza опфатило 450 000 луѓе на возраст меѓу 18 и 70 години од 200 градови. Авторите известуваат бројни индикатори, меѓу кои сексуална активност, склоност кон експериментирање, размена на партнери, потрошувачка на секс играчки, гледање на порно, рамноправност меѓу половите, толеранција кон геј заедницата, пристап до контрацепција, за да го одредат сексуалниот став на жителите.

Резултатите од истражувањето потоа биле комбинирани со податоците од претходните извештаи на Светската здравствена организација за сексуалното здравје во секоја земја.

Анализирајќи ги достапните информации, истражувачите утврдиле кои се најсексуално активните градови во светот. Еве ги и топ 10:

1. Париз, Франција

2. Рио де Жанеиро, Бразил

3. Лондон, Велика Британија

4. Лос Анџелес, САД

5. Берлин, Германија

6. Њујорк, САД

7. Сао Паоло, Бразил

8. Лас Вегас, САД

9. Ибица, Шпанија

10. Амстердам, Холандија

Слични содржини