Во Кривичен судско рочиште за „Труст“

од Vladimir Zorba

   Во скопскиот Кривичен суд денеска треба да се одржи рочиште за случајот „Труст“, во кој првоосомничен е бизнисменот Сеат Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на Електрани на Македонија.

Претходното судско рочиште на 7 ноември беше одложено, бидејќи адвокатите на одбраната ја немале добиено листата со докази што ги предлага Специјалното јавно обвинителство.

Обвинителот на Специјалното јавно обвинителство Гаврило Бубевски на минатото рочиште рече дека тие до Судот ги доставиле доказите во доволен број примероци и оти според процедурата Судот е должен да и ги предаде на одбраната листите со докази покрај обвиненијата.

Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Предметот, како што објави СЈО, е оформен врз основа на три прислушувани разговори, од кои два необјавени во јавноста од 3.8.2011 и 6.10.2011 година./МИА

Слични содржини