Во Крушево по 49. пат „10 Дена Kрушевска Република“

од Vladimir Zorba

 

Од денеска до 10 август во Крушево по 49-ти пат ќе се одржи традиционалната манифестација „10 Дена Крушевска Република“ која ќе понуди бројни културни настани.0EC5347EB7FA364E96140C5DD262B14D

Манифестацијата започнува вечер во 20.30 часот на Гумење, во пресрет на утрешното одбележување на македонскиот национален празник 2 Август – Илинден. Пред свеченото отворање на Гумење ќе пристигнат коњаниците „Илинденски марш“, „Патот на црешовото топче и пешадиите „Христо Узунов“ и „Тодор Александров“.

Делегации ќе положат цвеќиња во криптата на илинденските востаници, пред бистата на Веле Марков, на гробот на Питу Гули, пред споменикот на партизанските гробишта и на гробот на Тоше Проески.

На отворањето на „10 Дена Крушевска Република“ се очекува да се обратат градоначалникот на Крушево, Ѓорѓи Дамчески и потпретседателот на манифестацијата Манојил Јаковлески. Централен настан на манифестацијата е одбележувањето на 2 Август- Големиот Илинден на Мечкин Камен.

Во научниот дел од програмата на 3 август од 11 часот во хотелот „Монтана палас“ ќе се одржи трибина под наслов: Илинден: слобода, државност и независност“ на која ќе говорат бројни стручњаци од земјава.

Манифестацијата „10 Дена Крушевска Република“ ќе трае до 10 август кога ќе биде затворена со симнување на бајракот на Републиката и со почесна стрелба за хероите на Крушевската Република.

Слични содржини