Во лизгање на земјиште во Конго загинаа 200 луѓе

од desk2

Надлежните органи во Конго денеска објавија дека кон средината на минатава недела лизгањето на земјиштето што го зафатило селото Тора во привинцијата Итури загинале најмалку 200 луѓе.


Локален службеник Абдалах Пене Мбака вели дека бројката се однесува на бројот на исчезнати и според куќите зафатени со непогодата.

Според него, 50 куќи се уништени, а пронајдени се само 44 тела.
Лизгањето на земјиште е предизвикано од силните дождови што го зафатија регионот околу селото Тора.
Властите ја повикаа меѓународната заедница за помош во спасувачките акции.

Слични содржини