Бенедикт Камбербач се соочува со битка со соседите во Лондон, бидејќи сака да изгради котлара во градската куќа, а тие се противат.a0a7b375428452d1cf6d7c4b551c9f19

Населбата во кој се наоѓа куќата на ѕвездата, според весникот Daily Mail е “пензионерска” и луѓето биле многу загрижени од метежот, кој може да биде предизвикан покрај продолжувањето на куќата на актерот.

39-годишниот Камбербач и неговата сопруга – режисерката Софи Хантер го купија Викторијанскиот имот во Камден (Северен Лондон) во април 2015-та, набргу откако станаа родители на момче по име Кристофер. Во моментов тие го поправаат имотот и сакаат да го прошират.

Прилично, новиот дом на Бенедикт, кој се врзува со серијата “Шерлок”, е во вредност од 3 милиони британски фунти, на три ката е и има 5 спални, голема дневна, градина и мансарда.

Видете слики на куќата на актерот во галеријата.

 

Слични содржини