Ефикасен натпревар со шест постигнати голови одиграа синоќа во Неапол екипите на Наполи и Милан. Победата и припадна на домашната екипа, иако Милан до петнаесетина минути пред крајот имаше нерешен резултат.
Двојни стрелци за Наполи беа Аркадиуш Милик (18 и 33.минута) и Хозе Каљехон (74 и 90+3.минута), за Милан погодија Мбаје Нијанг во 51. и Сусо во 55.минута.
На првиот натпревар од второто коло во италијанската Серија А, во Рим, актуелниот шампион Јувентус минимално со 1:0 го совлада Лацио. Стрелец на голот вреден три бода за гостите од Торино беше Сами Кедира во 66.минута.
Другите осум натпревари од оваа рунда се играат денеска. Двојките се:
Интер – Палермо,
Каљари – Рома,
Кротоне – Џенова,
Фиорентина – Киево,
Сампдорија – Аталанта,
Сасуоло – Пескара,
Торино – Болоња и
Удинезе – Емполи.
Пред комплетирање на втората рунда Јуветус е лидер на табелата со максимални две победи.