Во напад со автомобил-бомба убиени четворица полицајци во Багдад

од Vladimir Zorba

Четворица ирачки сообраќајни полицајци беа убиени синоќа, кога бомбаш-самоубиец се разнесе со автомобил-бомба пред нивната станица, во близина на улицата каде имаат канцеларии неколку странски медиуми во Багдад, соопшти извор од ирачките сили за безбедност.

Пет лица се повредени во експлозијата на улицата Абу Навас, лоцирана по должината на источниот брег на реката Тигар. Француската амбасада се наоѓа во истиот регион, пренесува БТА.

Одговорноста за нападот ја презеде „Исламска држава“.

Слични содржини