Во нападите на САД врз сириска база на ВВС има жртви, потврди гувернерот на провинцијата Хомс

од desk2

– Гувернерот на сириската провинција Хомс изјави дека има жртви во ракетните напади на САД врз база на ВВС на Сирија. Гувернерот Талал Барази не прецизира колку луѓе се убиени во ракетните напади извршени рано утрово.

Барази додаде дека во военовоздушната база во Хомс е предизвикан голем пожар по ракетниот напад.

– Евакуацијата на луѓето од базата продолжува. Базата е на околу 45 км источно од градот Хомс и се користи во борбите против тероризмот, изјави Барази.

Во Хомс дејствуваат и припадници на ИД. Претставници на опозицијата и на бунтовниците велат дека од базата на ВВС се извршуваат напади врз сите региони под контрола на бунтовниците во централна и северна Сирија.

Слични содржини