Во несреќи вчера загинале двајца мажи од Кумановско

од desk2

Во две несреќи вчера попладнето, животите ги загубиле двајца мажи од Кумановско.

Во првиот случај, како што извести МВР, околу 16.30 часот, Н.Ф.(49) од кумановското село Лопате, собирајќи слама во сопствената нива, паднал од тракторска приколка на која бил качен и бил прегазен од тркалото од приколката. Подоцна лекарите од кумановската болница, каде бил однесен, констатирале смрт. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР-Куманово.

Во втората несреќа жртва бил Р.Д. (52) од Куманово. Тој управувал со автомобил „опел зафира“ на aвтопатот А1, Велес – Градско, а околу 18.30 часот во близина на клучката за селото Виничани загубил контрола над возилото, при што автомобилот излетал од коловозот и се превртел во канал. Возачот од повредите починал веднаш и неговото тело е предадено за обдукција.

Слични содржини