Во Нигерија фатени 126 милитанти на Боко Харам

од desk3

Воениот службеник  Lucky Irabor изјави дека членовите на Боко Харам пред две недели го нападнале селото  Sabon Gari  во близина на  градот Maiduguri.

После нападот припадниците  на безбедносните  сили почнаа голема антитерористичка акција. Irabor соопшти  дека се фатени 126 милитанти, и дека се ранети осум војника.

Терористичката организација Боко Харам, претставува најголема безбедносна опасност во тој афрички регион, а против терористите заедно се борат и силите на Чад, Нигерија, Камерун, и др. кои основаа заедничка коалиција ФММ во која има повеќе од 10.000 војници.

Боко Харам во Нигерија дејствува од почетокот на 2000. година, а нападите ги интензивира откако нивнито лидер Muhammed Yusuf умре во притвор во 2009. година. Се претпосавува дека организацијата е одговорна за смртта на околу 20.000 луѓе.

Слични содржини