Во Пјонгченг на ЗОИ ќе бидат поделени 110.000 кондоми

од desk2

Зимските олимписки игри во Пјонгченг почнуваат за четири дена, а веќе еден рекорд е соборен. Имено, за 16 дена колку што траат натпреварите во јужнокорејскиот град ќе бидат поделени 110.000 кондоми, што е повеќе за 10.000 во однос на ЗОИ Ванкувер 2010 и СОчи 2014 година.

На Игрите учествуваат 2.925 натпреварувачи, така што на секој спортист ќе му припаднат 38 кондоми.

Ова е нов рекорд кога станува збор за Зимските олимписки игри, а рекордот на Летните е поставен пред две години во Рио кога беа поделени 450.000 кондоми, но просекот е речиси ист, ако се знае дека во Бразил учествуваа 11.237 натпреварувачи.

Бесплатни кондоми во Пјонгченг ќе можат да земат и тренерите и помошниот персонал.

„Кошници со кондоми ќе бидат поставени во мажките и женските тоалети во Олимпиското село, во главниот медиуми центар, во селото за новинарите и во медицинските центри“, соопштија организаторите.

Слични содржини