Во Португалија е изложено најскапото чоколадо во светот – едно парче чини 7.728 евра

од desk2

Најскапото чоколадо во светот вчера беше изложена на фестивалот на чоколада International Chocolate Festival во местото Обидос во Португалија.

Станува збор за органичена количина од 1.000 чоколадни бонбони, од кои секоја бонбона чини 7.728 евра. Бонбоните го носат името Glorius и секоја е обвиткана во 23-каратно злато што може да се јаде, а чоколадото го чуваат униформирани стражари.

Чоколадните бонбони се наполнети со шафран, бели тартуфи, ванила од Мадагаскар, со златни листови и една тајна состојка. Креатор на чоколадото е слаткарот Даниел Гомез, кој истакна дека чоколадните бонбони имаат форма на дијамант. Неговото чоколадо влезе во Гинисовата книга на рекорди како најскапо во светот. Амбалажата за чоколадото има облик на круна и е декорирана со 5.500 Swarovski кристали.

Производот е толку ексклузивен што не се открива ни кој ќе купи од бонбоните. Креаторот Гомез откри само во кои земји досега имаат испратено од бонбоните: Обединети Арапски Емирати, Русија, Ангола и Аргентина. Најскапите чоколадни бонбони во светот се чуваат на тајно место и се транспортираат до купувачите со високо обезбедување и механизми за безбедност кои се деактивираат откако чоколадата ќе стигне до купувачот.

Слични содржини