Во прекин сообраќајот на патот Штип – Радовиш поради сообраќајка

од desk2

Mагистралниот пат Штип-Радовиш кај местото викано 20-ти километар е во прекин од 22:50 час поради превртено патничко моторно возило кое го има попречено движењето на возилата, информираат од АМСМ.

Се уште нема информации за причините за сообраќајната несреќа ниту пак за евентуално повредени лица.

Слични содржини