Во јужниот српски град Прешево уапсен е бегалец, бидејќи кај него е пронајден пасош идентичен со оној на терористот кој го изврши нападот во Париз, јави електронското издание на приштинскиот весник „Експрес“.

mkd-227776

На пасошот стои истото име како неговото, но со друга фотографија.

Српските власти се сомневаат дека двата пасоша се фалсификувани и додаваат дека се во контакт со француските истражители.

Француската полиција пронашла сириски пасош во близина на трупот на терористот кој го извршил нападот во близина на стадионот. Ал Мохамед на 7 ноември бил регистриран во Прешево, каде влегол преку Грција и Македонија а заминал преку Србија за Хрватска, па преку Унгарија во Австрија.

Слични содржини