Во цврстината на ракувањето може да се предвиди ризикот од срцев удар, пишува британското медицинско списание “Лансет”.pt_2049_1321_o

Моќта на ракувањето може да се користи како лесен и евтин тест за оценување на ризикот од кардиоваскуларни болести, пишува научникот Дерил Леонг од Универзитетот во Хамилтон, Канада, кој е раководител на истражувањето. Истражувањето е спроведено меѓу 140 000 луѓе на возраст меѓу 35 и 70 години во 17 различни земји.

Тие биле тестирани со специјален апарат, кој ја мери силата со која стиска раката. Овие луѓе биле следени во наредните 4 години и на база на резултатите научниците ја пресметале корелацијата помеѓу силата на раката и смртта од различни болести како дијабетес, рак, срцеви заболувања или прерана смрт.

Утврдено е дека таква врска има и тоа – релативно голема.Излегува дека овој тест е многу поверодостоен отколку крвниот притисок. Интересно е дека оваа врска постои дури и земајќи ги предвид и другите “класични” фактори како возраста и консумирањето на цигари или алкохол.

Слични содржини