Во Рим на 73-години почина “кралицата на камширот” Лаура Биаџоти

од Vladimir Zorba

Италијанскиот дизајнер Лаура Биаџоти почина на 73-годишна возраст во болница во Рим. Дизајнерката се чувствувала лошо во средата вечерта, по што била примена во болница, каде констатирале дека доживеала срцев удар. Лаура Биацоти е родена на 4 август 1943 година и започнала својата кариера во 60-тите години на минатиот век, продолжувајќи го делото на својата мајка Делија Биаџоти. Во 1972 година дебитира со сопствена колекција. Светските медиуми ја нарекуваа “кралицата на Кашмирот”. Таа е првиот дизајнерка чии западни трендови беа претставени на ревија во комунистичка Кина во 1988 и во Москва во 1995 година. Покрај висока мода таа создава и линија на парфеми.

Слични содржини