Во сабота ВМРО-ДПМНЕ ќе го прослави својот 27 – ми роденден

од desk3
На својта фб страница опозициската ВМРО-ДПМНЕ го објави своето роденденско мото “Единствени:”  Еве што уште напишаа на својата интернет страница:

-Борбата за подобра Македонија никогаш не престанува. Со кренати глави гледаме кон иднината. Оваа битка тукушто започна. И ќе победиме!
124 години ВМРО !
27 години ВМРО-ДПМНЕ !
Е Д И Н С Т В Е Н И

Високиот партиски функционер Спиро Ристовски за дел од медиумите појасни зошто мотото на прославата се вика „Единствени“.

“Ние сме  единствени што инициравме и спроведовме мерки во делот на образованието, здравството, земјоделството, инфраструктурата и тоа, како политичка партија не прави единствени по целокупниот начин на функционирање. Во тој контекст, се одлучивме оваа година мотото на прославата, на одбележувањето на годишнината, да биде она што не карактеризираше во изминатиот перио”, рече Ристовски.

Слични содржини