Во штипскиот суд решени 110 барања по Законот за амнестија

од desk4

 Во Основниот суд – Штип доставени се 110 барања за амнестија на осуденици, на кои пресудите им се донесени во овој суд, информираше денеска судијата-кривичар и воедно портпарол на судот, Сашко Ѓеоргиев.

-Од овие 110 барања за истакнување е дека за четири осудени лица до шест месечна казна затвор целосно се ослободени од извршувањето на казната затвор, а за останатите барања за амнестија казната затвор е намалена за 30 отсто, согласно Законот за амнестива, вели Ѓеоргиев.

Тој потенцира дека сите 110 предмети се решени од страна на судиите, но како што вели, пристигнуваат и нови предмети.

– Станува збор за предмети кои не се отпочнати, односно осудените лица се уште не отпочнале со извршување на казната затвор и тука по барање на нивните адвокати или лично самите осудени лица имаат право и можност да поднесуваат барања за амнестија, по кои судот постапува и донесува на решенија, рече Ѓеоргиев.

Портпаролот на штипскиот Основен суд потенцира дека Законот за амнестија не се однесува за лицата кои се осудени на доживотен затвор, за кривично дело убиство, половата слобода, полов напад врз малолетник, потоа за кривични дела против државата, човечноста и меѓународното право.

Слични содржини