Во Сингапур пуштаат такси без возач

од Vladimir Zorba

Првите во светот такси возила, управувани од роботи, беа испробани во истражувачки центар во Сингапур. BN-PO253_0825si_P_20160825010342
“Роботот-таксисти” треба да станат дел од сообраќајот на Сингапур во 2018 година, соопшти американскиот оператор,што ја  разви технологијата за управуваните од роботи такси.

Шесте први такси возила се електрични автомобили Renault Zoe и Mitsubishi i-MiEV. Тие ќе служат регион од 4 километри квадратни со фиксни постојки за слегувањето и качувањето. Такси ќе се порачува преку смартфон апликација. Иако автомобилите ќе се движат сами, во секое ќе има инженер, подготвен да интервенира по потреба.

Минатата недела фирмата за взаемни патувања Убер најави дека до крајот на август ќе започне со такси без возач во американскиот град Питсбург. Убер има договор во вредност од 300 милиони долари со Волво за развој на самоуправувачки автомобили до 2021 година. Освен тоа, Alphabet – компанијата сопственик на Google, објави во мај дека соработува со Fiat Chrysler, за да го зголеми бројот на своите самоуправувачки автомобили до крајот на оваа година.

Слични содржини