Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на вкупно 13 сообраќајни несреќи. Во девет од нив со полесни повреди се здобиле 14 лица, а кај четири сообраќајки е констатирана материјална штетасообраќајка

Како што информираа за МИА од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.

Санкционирани се двајца возачи кои не ги почитувале правилата за престигнување, 28 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано и девет возачи кои за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Затекнати се и 56 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот на вчерашниот ден отстранети се 85 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Денеска со почеток во 19 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на АББА Лигата ќе се одигра меѓународен кошаркарски натпревар помеѓу  МЗТ Аеродром и КК Цедевита, Хрватска. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација, сообраќајната полиција ќе преземе соодветни мерки за сообраќајно обезбедување

Слични содржини