За време на викендот на подрачјето на Град Скопје се случиле вкупно 31 сообраќајка од кои во една со тешки телесни повреди се здобил еден велосипедист.

 


Во петокот сообраќајната полиција извршила увид на 14 сообраќајки од кои осум биле со материјална штета, а шест со телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле осум возачи на патничко возило, пет сопатници и еден возач на велосипед со мотор.

Во сабота се случиле 10 сообраќајни незгоди од кои пет со материјална штета и пет се со последица телесна повреда. Со полесни повреди се здобиле шест возачи на патничко возило и четворица сопатници.

Седум сообраќајки се случиле вчера и тоа во две е причинета материјална штета, а во четири со полесни повреди се здобиле седум возачи на патничко возило и тројца сопатници.

Во овој период откриени се 48 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, а од нив 22 возеле движеле со брзина поголема од 90 километри на час, 29 возачи возеле под дејство на алкохол и 10 возачи поминале на црвено светло.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 96 возила.

Слични содржини