Во Србија објавен извештајот за односот и борбените можности на армиите од земјите во Западен Балкан

од Vladimir Zorba

По повод долготрајните тензии во регионот на Западен Балкан српското електронско издание Блиц го објавува соодносот на бројноста и оружјето на армиите на одделните земји, што се аргументира со “претензиите за создавање на Голема Албанија, изборот на поранешниот член на Албанската национална армија (ОНА), Талат Џафери за претседател на парламентот во Скопје, ослободувањето на Рамуш Харадинај од гонење во Франција и на испраќањето на 130 американски војници и на хеликоптери “UH-60 Black Hawk” како засилување на силите на КФОР.

Според Блиц “ѕвечкањето на оружјето” во регионот продолжува, иако секој конфликт може да доведе до сеопшта катастрофа, а “тензиите не се намалуваа и по изјавите на Харадинај дека границата меѓу Косово и Црна Гора треба да се промени”.

Изданието смета дека во споредба со армиите на Албанија, Македонија и со локалните и меѓународни сили, распоредени во Косово, Србија е најмоќниот воен фактор за зачувување на мирот во регионот.

Како доказ за ова тврдење се наведуваат изјавите на српските воени експерти, по последните врежби “Челик” ( “Железо”), одржани на полигонот Никинци, северозападна Србија.

Блиц го цитира воздухопловниот експерт Петар Воиновиќ, кој смета дека “иако појавата на нов вооружен конфликт е малку веројатна, ако тоа сепак се случи, споредбата на воените сили и нивното ефикасно и брзо користење, овозможува да се тврди дека Србија има завидна способност да ја заштити српската енклава во северниот дел на Косово, но е драматично послаба во целост, бидејќи не е член на НАТО “.

Според Воиновиќ “Србија ќе биде неколку пати помала во секоја воена операција, која ќе трае повеќе од неколку дена”.

Политичкиот аналитичар Душан Јањиќ смета дека секоја споредба на вооружените сили води до усложнување на присуството на НАТО во Косово и Македонија. Според него “бројките не значат ништо ако односот на силите е јасен”.

Аналитичарот Александар Радиќ тврди дека многу поважно од соодносот на вооружените сили е подготвеноста за водење на борба од страна на народот, како то го доведува пример од настаните од 90-тите во поранешна Југославија.

Блиџ ја цитира изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, според која Приштина не располага со тешко вооруживање, но додава дека во Косово веќе е формирана специјалната антитерористичка единица “Роса”, која во зимата била користена за запирање на т.н. “Српски воз” од Белград за Косовска Митровица.

Изданието додава дека со население од 7.143.921 луѓе и бруто домашниот производ од 37,76 милијарди. долари, Србија е демографски и економски посилна во споредба со Албанија (3.038.594 жители и 11,9 милијарди бруто домашен производ ) и Македонија (2.100.025 лица и 10,0 милијарди бруто домашен производ).

На крајот на својот коментар Блиц го цитира косовскиот политички аналитичар Албин Малику, според кој “народот не треба да смета на воените изјави на лидерите и единствено решение за намалување на тензиите е рамноправен дијалог”.

Слични содржини