Приврзаници на граѓанската иницијатива „Протестирам“ вечерва се собраа пред зградата на јавната администрација во Струмица и ги повторија барањата за итно повлекување на одлуката за аболиција и за оставка на претседателот Ѓорге Иванов.

download (1)

Поворката од пред зградата на јавната администрација се упати кон зградата на Општинскиот суд, Управата за јавни приходи и низ централните булевари.

Организаторите велат дека ќе продолжат со протестите се додека не се исполнат во целост сите нивни барања меѓу кои се и произнесување на Уставниот суд за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и одложување на парламентарните избори на 5 јуни.

Протестот под полициско обезбедување помина без инциденти.

Слични содржини