Во судар на возови во Пенсилванија повредени 30 луѓе

од desk2

Повеќе од 30 луѓе се повредени во судар на возови во Пенсилванија, САД. Имено, додека еден воз стоел на Транспортниот центар Апер Дарби, друг удрил во него.


Повредените се пренесени во болница, а пет луѓе се во критична состојба. Се работи за возот Norristown High Speed Linea кој удрил во потполно празев воз.Повредени се 33 лица.

„Кондуктерот е во болница, не можеме да кажеме ништо за неговата состојба“, вели градоначалникот на Апер Дарби, Николс Микози.

„Стоев со намера да излезам од возот и да преминам во автобус, а тогаш чув удар. Возот удри во друг што стоеше. Удрив со главата и се онесвестив“, вели еден од патниците.

Слични содржини