Во Светата земја омразата стопати поголема отколку на Балканот

од Vladimir Zorba

  Официјалната престолнина на Изарел Тел Авив е млад и модерен град, кој со својата архитектура и со духот повеќе потсетува на градовите на Западот отколку на град кој би го замислиле кога е во прашање Блискиот исток.

Тел Авив има трета најразвиена економија на Блискиот исток по Абу Даби и Кувајт, а се наоѓа на 34 место на листата на најважни светски финансиски центри и на 31 место на листата на градови со најголеми трошоци за живот.

Иако главен град на Израел стана 1952 година, официјалната политика не успеа да се помири со спротивставените мислења меѓу луѓето, кои повеќето Ерусалим го нарекуваат престолнина на „Светата земја“.

Екипата на Танјуг го посети Тел Авив  два месаца откако претседателот на САД Доналд Трамп најави дека американската амбасада од Тел Авив ќе ја премести  во Ерусалим, а атмосферата во официјалниот главен град на Израел ниту на еден начин не одава напнатост или тензија.
Секако, мерките за безбедност се присутни, доволно забележително да ви дадат до знаење

 

дека се работи за земја која води сметка за својата сигурност, но од друга страна доволно дискретно да немате чувство дека се наоѓате во држава во која воените судири не престануваат.

Во текот на денот и ноќта небото на Тел Авив го прелетуваат хеликоптери, а при прошетка низ градот можат да се сретнат момци и девојки со автоматски пушки на рамо кои така опремени ноншалантно се движат и по плажата.

Сепак, жителите на Тел Авив се насмеани, срдечни и љубезни, повеќето од нив зборуваат англиски, знаат каде е Србија и Белград, па така чувството дека сте странец во далечна земја речиси и да не постои.

Опишувајќи ја атмосферата која владее меѓу жителите на Тел Авив по изјавата на Трамп, Душан Михалек, кој од Србија дошол во Израел пред 26 години, за Танјуг вели дека прашањето за престолнина, како и сите други прашања на Блискиот Исток е многу значајно и наклонето на различни толкувања.

 

Како што наведува, не само израелското туку и палестинското општество е расцепкано, со стотици различни струи меѓу кои тешко може да се дојде до заеднички именител.

-Ерусалим практично веќе 50 години е престолнина на Израел, тука е Кнесет, владата, министерствата, претседателот, сите државни институции…Сите претседатели и премиери на држави доаѓаат во посета на Кнесет. Одлуката на Трамп само го потврди тоа, а таа не ниту негова лична одлука,

 

туку на претходните американски администрации, каже Михалек.

Инаку, во Резолуцијата 181 на ОН донесена во 1947 година предвидено е создавање на еврејска и арапска држава, додека Ерусалим со Витлеем, би бил неутрален.

Михалек објаснува дека Ерусалим не е само еврејски град.

 

– Тој е муслимански, тој е христијански. Можеби еден ден, сепак, ќе биде неутрален стар град во ѕидини, а престолнината ќе биде една на западниот, друга на источниот дел од градот. Но, тоа ќе се случи по илјада години, смета Михалек.

Тој додава, дека омразата во Светата земја  е „сто пати поголема од омразата на балканот“, и дека не се гледа крајот на сето тоа.

Новинарката од Изарел Ирит Росенблум вели за Танјуг дека ставот на Израелците е дека Ерусалим е „прва“ престолнина и да е тоа работа на консензус околу што нема несогласување, но напоменува дека тоа е многу чувствително прашање.

-Изјавата на претседателот Трамп предизвика голем немир меѓу Палестинците некое време, но навикнати сме на такви работи и животот оди понатаму со својот тек, како и обично, наведува Росенблум .

Сепак, додава дека повеќето Израелци се скептични по прашањето на преместување на амбасадата на САД.

– Ниту еден претседател тоа не го стори, а и Трамп засега го одложи тој потег. Народот не е премногу оптимист дека тоа ќе се случи, вели таа.

Планот на ОН од 1947 година, го прифатија ционистичките лидери, но арапските водачи го отфрлија, а по престанокот на мандатот на Велика Британија над Палестина прогласена е државата Израел во 1948 година со западен  Ерусалим како главен град, додека источен Ерусалим беше под контрола на Јордан.

Кога е во прашање ставот на САД, конгресот во 1995 година усвои „Акт за ерусалимската амбасада“, со кој ја повикува својата влада да ја премести амбасадата во Ерусалим „главниот грда на државата Израел“, закон е обврзувачки, но има клаузула која им овозможува на претседателите на САД да ја одложат неговата примена за по половина година.

И претходниците на Трамп, вклучувајќи го и Обама, тоа го правеа, одложувајќи ја одлуката за преселување на амбасадата на секои шест месеци. 

Тоа го стори и Трамп во јуни минатата година, но во текот на предизборната кампања вети дека амбасадата на САД ќе ја пресели од Тел Авив во Ерусалим.

При посетата на Израел, известувачот на Танјуг немаше можност да види сериозни и официјални истражувања, ниту сам да го истражи подетално ставот на граѓаните по прашањето за главниот град, но локалните жители на кои им рековме дека ќе го прошетаме Ерусалим, ни одговорија:

„Секако, морате да ја посетите престолнината“.

Слични содржини