Во Тетово протест за изградба на капела

од desk3

Дел од жителите на Тетово од православна вероисповед попладнево со протестен собир, марш по главните градски улици и булевари и палење свеќи пред зградата на локалната самоуправа го искажаа своето незадоволство од започнатите, а сега напуштени работи за изградба на капела во близина на православните гробишта во градот.

images

Тие се незадоволни од, како што велат, неисполнетото ветување од страна на градоначалничката Теута Арифи дека многу скоро ќе биде изградена капелата што го прави Тетово единствен град во државата без ваков објект со што тетовци мора телата на починатите да ги чуваат во своите домови до нивното погребување. /МИА

Слични содржини