Во Турција продолжена вонредната состојба за уште три месеци

од Vladimir Zorba

Вонредната состојба во Турција е продолжена за уште три месеци, речиси година дена откако што е воведена заради обидот за државен удар кој се случи на 15 јули минатата година.

Парламентот го прифати барањето на владата на Турција да се продолжи вонредната состојба воведена после неуспешниот пуч.

Според соопштението на канцеларијата на премиерот Бинали Јилдрим, кабинетот побарал од парламентот да ја продолжи вонредната состојба за наредните три месеци почнувајќи од среда 19 јули.

Барањето следи по церемонијата за време на викендот со која беше обележана годишнината од неуспешниот воен пуч во кој животот го загубија околу 2.500 луѓе.

Откако во Турција беше воведена вонредната состојба на 20 јули минатата година, повеќе од 50.000 луѓе се уапсени, а 150.000 се суспендирани или отпуштени од работа во државната служба но и во приватниот сектор.

Слични содржини