Во Тузла направен бурек за Гинис

од desk2

Во рамки на манифестацијата Tuzla Gastro Show денеска на главниот плоштад во овој босански град се урнаа два Гинисови рекорди.


Имено, направен е најголем бурек со тежина од 650 кг и најголема лепиња со 1.500 кебапи. Овифијалните резултати дали ќе влезат во Гинисовата книга на рекорди ќе биде објавен по три месеци.

„Димензиите на бурекот се 6х6 метри. Во подготовката учествувале 14 луѓе. Должината на корите била 1.500 метри, што беше предизвик за негов транспорт“, велат организаторите на манифестацијата.

Пред БиХ, во Словенија направиле бурек со пречник од 5,5 метри, кој не влегол во Гинис.

Бурекот ќе им биде поделен на граѓаните, лекарите, пожарникарите и полицајците кои се грижат за безбедноста на манифестацијата.

Слични содржини