Белата куќа ќе биде домаќин на конференција за глобалната безбедност и спречување на насилството и екстремизмот во светот.

zx450y250_2474649

Претседателот на САД Барак Обама покани многу сојузници на земјата на самит на 18-ти февруари. Се очекува да присуствуваат како министри за внатрешни работи, така и правосудни министри.

Конференцијата беше прогласена малку по терористичките напади во Париз на почетокот на годината. Агенција “Ројтерс” потсетува дека слична средба беше планирана уште за крајот на 2014 година, но настанот беше одложен без да станат познати причините.

Самитот доаѓа во пресрет на серијата терористички напади во Блискиот Исток и во Европа – овој викенд две лица загинаа во главниот град на Данска, откако бомбаш-отвори оган на настан посветен на слободата на говорот.

Темата на состанокот е “Спречување на насилството и екстремизмот” и има за цел да ги покаже американските и меѓународните напори во превенцијата на радикализирањето на групи екстремисти, како и на нивните обиди да регрутираат членови на терористички ќелии во САД и во светот, се вели во соопштението на Белата куќа.

На самитот се очекува да присуствуваат и експерти за безбедност и државни службеници од Велика Британија, Данска, Канада, Австралија, Франција и Нигерија.

Терористичките напади се зголемија значително во последните години, што се поврзува и со зголеменото влијание на организацијата “Исламска држава” на Блискиот Исток, Африка и Европа, како и на “Боко Харам” во Африка.

Вашингтон учествува во многу антитерористички кампањи во светот и се обидува да изгради стратегии против екстремистичките групи.

Иако се претставува како лидер во борбата против тероризмот, аналитичарите во САД и странство сметаат дека американската администрација не располага со ефикасна политика за борба со терористичките групи, а поголемиот дел од Американците не ги одобрува дејствијата на Барак Обама против “Исламска држава “.

Конференцијата започна во вторникот со претходни средби меѓу потпретседателот Џо Бајден и лидери на американски градови кои имаат програми за справување со екстремизмот, како Бостон, Лос Анџелес, Минеаполис, и кои администрацијата сака да ги промовира како пример за остатокот од земјата.

Минататa недела Обама потпиша указ за воспоставување на систем за размена на информации за кибернапади меѓу приватните компании и државните структури. Претходно беше најавено и создавање на нова разузнавачка агенција, која ќе надгледува закани за сајбер безбедноста на земјата, ќе обединува и анализира информации за голем број на различни ризици.

Слични содржини