Во Венецуела e страшно! Земјата се тресе од протести, има убиени, повредени и уапсени

од desk3

Во Венецуела повторно дојде до судири поради незадоволство кон претседателот Николас Мадуро и намерите на власта да го променат уставот.

Би-Би-Си соопшти дека милиони венецуелци излегле на улиците. Најмалку три лица се убиени во судирите меѓу демонстрантите и силите за безбедност. Опозицијата во јужноамериканската земја протестира од месец април  април во јужноамериканската земја.  Од почетокот на протестите има над стотина жртви. Демонстрации имаше во главниот град Каракас, како и во други градови. Освен тројца убиени, многу други беа повредени. Над 300 лица се уапсени од полицијата. Во неколку градови униформирани лица употребија солзавец против лицата кои се бунтуваат.

Слични содржини